Огнот, таа преразиграна ноќна ѕверка, се склопчува со нив колку за миг, најверојатно за да ги залаже, со неочекувана силина да вивне, да се разигра, да ја досегне со врвот на јазикот, месечината и, недостижен и за човечка мисла, да се разгране горе, со неброени искри да го поздрави денот Илинден пред мугрите и поред птиците во тие мугри.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)