Пред настанокот на аконфексионалната држава, во традиционалното општество, кога основа на единствената заедница на луѓето била нивната заедничка вера и “субјектот” сѐ уште бил поим на политичката теологија, што поданикот не го разликувал од христијанинот, тој раскол бил нужно верски; оној на другиот брег бил припадник на крива вера, а толеранцијата облик на теолошко политичкото допуштање, што на малцинската верска заедница како краен досег на нејзиното признание ⥊ го намет- нувала мнозинската.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Толеранцијата не можеме да ја замислиме без два поима што припаѓаат: индивидуалниот и колективниот идентитет и поимот на другиот, којшто е не само неистоветен, туку дури и неизмерлив, другиот, од којшто нѐ дели раскол, што допира до темелите на можностите на каква и да е заедница со него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако различноста на моќта на субјектите е средина каде што можат да настанат толерантни односи, различноста на субјектите што стапуваат во однос е нужен услов.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)