обединет (прид.) - или (сврз.)

Воопшто не се калкулирала некоја промена на состојбата, при што македонскиот народ би бил обединет или самостоен или би имал некаква самостојност во рамките на некоја нова федерација, било југословенска било балканска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ИНТЕРЕСНИ СФЕРИ
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, реалноста на теренот, успесите на НОВ и ПО во Македонија во борбите против нацифашистичките окупатори не можеле да го остават рамнодушен британскиот премиер Винстон Черчил, кој од своите разузнавачки служби побарал да се пристапи кон анализа на она што се случувало во Македонија и да се испита можноста за испраќање агенти на СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, таквите тежнеења на политичките и воените лидери биле "сметка без крчмар", бидејќи во заднината на војната веќе се воделе преговори за повоеното уредување на светот во кој немало место за уште една нова самостојна и независна држава каква што била Македонија, било да е обединета или само во делот на Македонија надвор од рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)