Така, со провалите извршени во Свети Врач, Горна Џумаја и Разлог, во рацете на полицијата паднале и членови на Окружниот комитет на БРП за делот на Македонија под Бугарија (Гроздан Николов, Владо Чимев, Станке Димитров и др.) кои со судска одлука во 1942 беа обесени во Горна Џумаја денешен Благоевград.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Како резултат на провалите и фатените членови на КП во првата половина на 1942 преките воени судови во Софија и во Горна Џумаја осудиле припадници на КП, партизанските чети и групи од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Почна прво со Јована. Тој имаше и пушка, и пиштоли, но беа обесени во одајата каде што спиеше во Веца.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Неколку евразиски затвореници, обвинети за воени злосторства, требаше таа вечер да бидат обесени во Паркот, се сети Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Соколов бил убиен во борбата, додека Мерџанов бил фатен, осуден и обесен во Одрин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ја најдовме обесена во еден од полските нужници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)