обилен (прид.) - појадок (имн.)

Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, се натерува да се исправи, зашто средбата ја смета за особено важна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Д-р Максимилијан Мертен задоволно ја брише устата со салвета по обилниот појадок, не брзајќи да се сретне со оној снисходлив Евреин што моментно раководи со солунската еврејска заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)