* Во себојно фустанче облечено за брзо соблекување, директно од ролшуи на штикли (така ли се стига побрзо?) нетрпелива да го пополниш идеалниот градник, со двете немирни, долги нозе сакаш да го опчекориш градот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Се погледнува на огледалото од порт-мантото: оттаму го гледа едно туѓо лице, згаснати очи, длабоки подочници, побелена и разбушавена коса.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И сега, кога Паско Бачо, возач во пензија, веќе облечен за излегување навечер кон продавничињата кај мостот, во кошула со цртежи од австралиската фауна што некој роднина му ја пратил од Волонгонг, сега кога Паско оптегнат со стомакот напред рече дека широко е почнато копањето, Жабе зина и само рече: „Многу широко“, и пак почна да џвака.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги гледа прибрани, исчешлани и облечени за постудено време, како облечени и да спиеле.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)