Додека Х.Х. ја очекуваше мојата неизбежна реакција на својата провокација, ако не во моментот тогаш во подоцнежниот тек на патувањето, јас засилено пребарував во сеќавањето, во моите записи и книги објавени на албански јазик во Македонија и на Косово.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
9. Илинденското востание е објавено на 20 јули 1903 год. по стариот стил, т.е. на 2 август по ново.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Алексис Лорка Lire,été 1997 Се случуваше во еден од првите париски октомвриски денови кога во Сенатот на Франција, сенаторот Робер Бадентер водеше една исклучителна сесија: поезијата овде се соочуваше со големите проблеми на човештвото, за што нашето внимание го обземаше Едгар Морен; неговата анализа, неговата мудра елоквенција, му оддаваше заслужено признание на последното дело на Луан Старова, објавено на француски јазик - Времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)