огромен (прид.) - изненадување (имн.)

- Кузе дотрча до прозорчето, со дланките ставени одстрана, се загледа во мракот и со израз на огромно изненадување и разочарување, тивко рече: - Ту, бре, мајката, па тие навистина си отидоа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имавме еден Јане меѓу нас кој кога си го слушна името, се сврти кај жените, пушката му падна од раце и со тивок глас на огромно изненадување, прошепоти: - Maјко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)