Набргу гонителите се нашле пред еден огромен казан поврзан со цевки со излези на ридот. Тоа беа млечните потоци, сега секнати.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како пара од огромен казан, над Водно се пластеше густ сињак, се лелееше по модрите ридишта и заплашуваше со дожд и студ.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тука во Перењас, а веројатно за полесно да се изговара е запаметен како Прењес, сместен на крајот од оваа котлина, која гледана од горе, личи на огромен казан, пред шеесет години во бараките, коњушниците и магазините на напуштената некогашна италијанска воена база ги беа сместиле нашите, а јас Прењес го запаметив на поминување.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)