Беше потребен огромен напор за нивното расчитување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Берлинчани се борат да го разубават својот град и во тоа вложуваат огромни напори и се надеваат дека ќе успеат во своите потфати и така да ги збришат трагите од војната.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Едноставно, потсвеста е таа што доживотно ќе ја прогонува личноста на поетот и ќе го возобновува архетипот, но никогаш, и покрај огромните напори, авторот нема да успее најпрецизно автентично да го репродуцира (за среќа!) туку осознавајќи го ќе го надградува со својата филозовска порака и имагинација.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Своевремено напишав: „Треба да вложиш огромен напор за да им докажеш на полските студенти дека не се идиоти.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Правеше огромни напори да им се допадне на татко му и мајка му на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Владата со огромни напори ни дотура храна и вода. Секој ден е прашање на живот и смрт.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Гутов одбива да биде учесник во ентропијата и хаосот на реалноста; се стреми да го надмине хаосот, да ја надмине епистемолошката пропаст и - по пат на огромен напор на интелектот - да дојде до чиста критичка визија.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ете зошто задачата да се објаснат машката геј-култура, машкиот геј-вкус, станува толку сложена, барем кога ќе се навлезе во подробностите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во некои случаи можеби би била доволна некоја контекстуална студија на стиловите на дизајните и на нивната историја за да се расчисти мистеријата на нашите инстинктивни реакции кон поединечни предмети така што ќе се укаже на културните традиции на кои алудираат тие предмети, на родословието на претставувањата од кои потекнуваат и на мрежата од асоцијации на кои се надоврзуваат за да ги создадат своите значења и за да се здобијат со конкретните општествени значења што ги изразуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во други случаи, односите меѓу стилот, вкусот, класата, родот, сексуалноста и идентитетот остануваат збунувачки недофатни, барем со оглед на сегашната палета од расположливи инструменти за критичка, општествена и семиотска анализа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Потребен е огромен напор за да се одвиткаат тие значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се чувствував непријатно, како да сум се замирисал од огромниот напор сѐ да изедам и некако да ги спречам цревата да ми бучат, а покрај тоа, кога се веднев да ги гушнам братучедите кои беа малку пониски од мене, во стомакот добивав болки како некој да ме боде со нож.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ние сме од Комисијата за чистота, - ми рече најдоминантната од нив, - па, дојдовме да извршиме увид, - а потоа сите три се закикотеа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Со огромни напори тој ги знабди сите без исклучок врати сопружини од најразновидни системи и облици.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Приборите на вратите беа страста на Александар Јаковлевич.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)