Од своја страна, Британците ја немале таа "храброст" и се залагале за зачувување на статус кво состојба на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во преговорите со балканските држави тие знаеле да ги искористат територијалните и националните интереси на одделни држави, со ветувања или со директно реализирање на нивните барања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Посебно ги загрижувала неможноста да се реализира ветеното меѓу Сталин и Черчил на состанокот од октомври во Москва, кога била договорена процентуалната поделба на териториите во одделни држави во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, дополнителна загриженост кај британскиот политички и воен естаблишмент претставувало сознанието дека во крајот на 1944 година Британците не би можеле да одговорат на советскиот воен предизвик, имајќи ја предвид исцрпеноста на својата економија во текот на војната, како и задолженоста кон САД за доделената воена помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)