одделен (прид.) - предмет (имн.)

Ги слушаше предавањата, одеше на вежбите, ги даваше испитите; спореше со колегите за професорите, се дружеше со колешките по струка, дискутираше со демонстрантите за нејаснотиите; навлегуваше во одделни предмети, обидувајќи се да ја замени својата рамнодушност барем со заинтересираност ако не со вљубеност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)