Не може да се рече дека Камилски беше задоволен од одговорот, но додека неговата сопруга ги послужуваше парчињата од петаникот, пита којашто беше од фамилијата на тикушот, но со разбирливо и предвидливо име, Татко се обидуваше да ја доразвие својата мисла: Пред малку ја разгледувавме судбината на зборот модар патлиџан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во согласност со ова, преведувањето престанува да се гледа само како операција што се извршува помеѓу два одделни јазика, наместо тоа, се согледува како процес кој постојано се извршува исто така и во рамките на самите јазици.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Како што, мој пријателе, во одделни јазици постојат одредени темни зони, коишто остануваат непреведливи и кои, всушност, го сочинуваат самиот идентитет на народот што го говори тој јазик, така и зборот тикуш може да биде темниот, непреведлив збор на идентитетот во доменот на прехраната.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Воздухот ја има таа предност што е лесно достапен; освен тоа ние имаме органи што, се чини, се направени посебно за обликување на воздушните бранови во симболи - нивно преобразување во “фонеми.” (Прашањето што произлегува од тука а се однесува на нејасната врска меѓу вродената и стекнатата информација мора да се одложи на страна: говорот, лингвистичката способност е вродена но секој одделен јазик мора да се стекне.) Но, воздушните бранови се неповолни затоа што се подложни на звуци коишто ја разложуваат информацијата што е складирана во нив.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)