Ене онде на океанскиот брег само Абориџините си знаат зошто и кога пејат на сет глас од нивните грла излегува горчлива тишина.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Толку е убаво, како во одамна прочитана песна. На океанскиот брег свечено се спушта проѕирна пурпурна завеса.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ене онде на океанскиот брег под крајбрежните чемпреси Абориџините трампаат една песна за еден радосен крик на делфините отшто само делфините се радосни на плажите на кои има илјадници километри за распостилање на домородната тага.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)