олкав (прид.) - вака (прил.)

За гостите заклавме прч. Олкав вака беше, ко козолци му беа роговите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Олкави вака, ко голушки од црешни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Олкави вака солзи, ко петлици. И тие плачи и ние плачи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дамките како кај рибине, олкави вака, ко парина ’рѓосани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги отворил очите, олкави вака, му светат како на лисица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми го крева детето: олкаво вака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Олцкаво вака. Можеш на два касаја да го изедеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Олкави вака солзи, ко лешници ми капат в уста и на лицето од Ангелета мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)