Подоцна сфатив дека така е подобро, и за мене, и за моите и, воопшто, за мирот во нашето семејство.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Париското метро е најбрзото превозно средство, зашто преголемиот број на автомобили толку многу ги задушува улиците, особено главните сообраќајни артерии, што во определени часови од денот оваа река од коли просто лази, додека истоврмено под земјата, низ безброј испреплеткани лавиринти и тунели, се движат електрични возови со кои побрзо се доаѓа до целта отколку со најлуксузните и најбрзите автомобили.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Им се сторило дека немо се простува од нив, меѓутоа се оддалечувал со тешки и паднати раменици, со напор на измачен осуденик што сепак во определен час според непроменлива пресуда ќе стаса на губилиште со бесилка или со куки за бесење, за патување кон вечниот мрак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја извадил од појас кубурата и му ја подал на Арсо Арнаутче, го одбрал за свој заменик (се случува, не е под панцир на челик и на чинки), доколку другите тоа можеле да го разберат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да е тоа порано договорено, како да дошол определениот час за еден непознат ритуал, сив старец се подисправа, изнурнува од долга притаеност и, со скаменето лице како и пред тоа, ја легнува десната дланка врз срцето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Беше септемвриски ден кога во нашиот дом дојде еден од синовите на братот на мојата пријателка Клара, и ми кажа дека таа умрела во психијатриската клиника Гнездо, во која живееше со години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Иако, признавам, на почетокот не ми беше право што морам да го напуштам друштвото во определен час и прилично „скокав” и се бунев.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)