Еден таков “создавач” всушност е само една “лажица на создавање” која што го вади поредокот од супата на хаосот - во било која форма - и така дејствува наспроти општата тенденција, знаејќи дека со тоа тенденцијата нема да биде победена туку само одложена и дека сето она што го работиме, сето она што сме е осудено на исчезнување во заборавот. Но зарем не е општа желба на луѓето да го уредат секој хаос? Најчесто се веруваше дека поредокот се открива.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А ако го сочувале, значи дека тоа го сакаат, тоа е општа желба, желбата за уништување.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)