Давајќи една општа карактеристика за ЦК на чело со Гарванов, П.Шатев, меѓу другото, во основа правилно констатира: “Членовите на новиот Централен комитет немаа искуство (што го имале старите членови д-р Татарчев, П.Тошев, Хаџиниколов, Христо Матов, уапсени 1901 година) и не беа така дејателни; тие беа, главно, учители и трговци кои пред сѐ си ја гледаа својата лична работа, а раководството на Револуционерната организација за нив претставуваше нешто дополнително, второстепено.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)