општ (прид.) - култура (имн.)

На друго место, Лиотар вели: Еклектицизмот претставува нулта степен на современата општа култура: луѓето слушаат реге, гледаат вестерни, ручек јадат во Мекдоналдс а за вечера јадат локални специјалитети, во Токио се мирисаат со париски парфеми и се облекуваат „ретро“ во Хонг Конг; знаењето е нешто што им припаѓа на ТВ игрите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се згрозуваше од оние интелектуалци кои општата култура ја сведуваа само на својата професионалност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Без пораст на општа култура, не е можно да се развива еколошка култура!“ рече Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ова е за Андреја. Добро е за општа култура.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)