општ (прид.) - радост (имн.)

Во тие години го покренав Greph (карактеристичен збор на Дерида; значи и калем и обележување - заб. на прев.)... 4Што се случи 68-та?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Општата радост и жалост, општите преданија и обичаи нѐ прават сите нас едно цело – еден народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од некое свое засолниште утот Утариус ми посака среќа: Не верувам во ангели, но ако ги има нека те вардат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Портата ја отвори нејзината мајка и самата уплашена од средбата, му кимна со глава на збунетиот просец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш, на општа радост на жителите на Шумшул град, не и моја, од тегличката излета лилавата птица Жеро Жерав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Денес, меѓутоа, верувам дека во таа општа радост која не ме привлекуваше премногу, се случи нешто друго. 4Што? 4Не би знаел тоа да го именувам, некој тип на сеизмичко тресење кое дошло од голема оддалеченост и се пренело мошне далеку.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Фрлив поглед долу и го видов и Јехуда Давидовиќ, расположен како дете, како и самиот се придружува во општата радост, чука по седиштето и вика од задоволство во ведриот дел на пуримската служба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Започна една општа веселба, една општа радост: се гушкаа луѓето, се бацуваа, имало спасибог! викаа, креваа на шишињата пијалок, пиеја, пукаа со пиштоли, пушки, прангии, одекнуваше планината од пукотот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)