Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој ќе го објави крајот на повелбата на ПЛО која ја одречуваше оружената борба како единствен пат во ослободувањето на Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќе и учиш селаните да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Набргу ќе се најде во официјална посета на Франција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
— Како да не! И не само еден. Ти аги тепај колку ти душа сака, но ќе гледаш да не биде лошо и за селаните каде ќе и тепаш агите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кон крајот на 1941 дошло до разбивање и расформирање на партизанските одреди, но тоа не значело и отстапување од генерално прифатената линија за оружена борба против окупаторот и колаборационистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во текот на 1941 во делот на Македонија кој дотогаш бил под Кралството Југославија поради отпорот пружен против окупаторот, биле уапсени 1.537 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)