Сијалиците почнаа да се гаснат. И осветлените прозорци, еден подруг, исчезнуваа во ноќта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој осветлен прозорец му говореше за животот во домовите за онаа убава врска меѓу блиски луѓе, кои таму заедно делеа добро и зло.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој различно осветлен прозорец раскажуваше подруга приказна, подруга тајна откриваше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој осветлен прозорец му заговори за Неа, за синот и малата Весна, - го врати во оние дни, кога беа сите заедно...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Осветлените прозорци како да му ја открија вистинската цена на изгубеното!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од другата страна на реката го сретнаа очите на куќите - безброј осветлени прозорци.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој осветлен прозорец му копаше по срцето. Па дури и оние што не беа осветлени.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Така, во 20,00, со палец обвиткан со „Ханзапласт“, додека на осветлените прозорци ги гледав комшиите збиени пред ТВ вестите, се упатив кон „Шангај“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Само ќе се свртиш а маглата веќе покрила сѐ - ги нема ѕидовите, исчезнува целата куќа, а од осветлениот прозорец останува само нејасна светла дамка ни на небо ни на земја околу која се вијат огромни витли тешка волнеста преѓа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Додека она што го чу се повтори уште неколку пати, едно претчувство му го стегна срцето во очекување да го пречуе тоа што го слушаше, што доаѓаше од осветлениот прозорец на катот, што веќе го погодуваше, но длабоко во себе одбиваше да го поверува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Повремено застануваше на место и гледаше во осветлениот прозорец над него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Жената молчеше, беше згрчена во износен капут и тешко се држеше на нозе - беше болна или пијана, а тој ја гледаше, нејзе и офицерот, борејќи се за малку сила за да издржи додека тие не се оддалечат, за да продолжи кон осветлениот прозорец на крај на улицата, за да - за да живеам, мислеше и слушаше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се прибра, го прерипа убиениот и тргна по улицата кон осветлениот прозорец, пред тоа осветлен, зашто сега во улицата гореа само двете очи на автомобилот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш, во скржавите зимни мугри, угаснати од врнежот, зад нив само уште кусо време мижуркаа неколкуте осветлени прозорци на селото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Понекогаш, навечер, го среќавав пијан во улицата; се нишаше и зјаеше во осветлениот прозорец на инспекторот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Улицата беше пуста и прошарена со мали жолтеникави риги од осветлените прозорци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Надвор, под еден осветлен прозорец, видов дека обидот наполно успеал.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Со таа грижа, грижа на утрешниот ден, ја притвораше портата зад себе и се вѕираше во осветлениот прозорец од кујната.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)