Всушност, како што нè потсетува Малколм Андерсон, тоа се гледа и во изворното значење на зборот ’frontier’, кој е воен – и ја означува зоната каде се среќава непријателот14 Освен тоа, некои теоретичари исто така ја изведуваат етимологијата на зборот „територија“ не од латинската именка terra (земја), туку од глаголот terrere, што значи „да исплашиш“.15 Затоа, самото значење на зборот содржи референци за начинот на кој е стекната, т.е. освоена или одбранета.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)