„Бидејќи логиката на сексуалниот поредок досега толку длабоко се вкоренила во еден неописливо широк спектар на општествени институции и бидејќи се вкоренила во најстандардните прикази на светот“, забележува Ворнер, „квир-борбите не се стремат само кон толерантност и кон еднаков статус туку и кон предизвикување на тие институции и прикази“.468 Квир-политиката нишани право во срцето на нашиот модернитет.
Геј-мажите, како сите настрани, нужно се откинати или отуѓени, барем донекаде, од хетеронормативната култура, како и од примените облици на лично и општествено живеење што хетеронормативноста ги обликува, ги издигнува и ги нормализира, правејќи ги „главнотековни“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-живеењето не се согласува лесно со основните премиси на хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие се на одредено растојание од она што важи за невино, спонтано, природно чувство, од оној вид на чувство што изгледа природно – доколку сосема се вклопува во хетеронормативните општествени конвенции и доколку влегува во тие конвенции и не ги оспорува и прекршува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Треба од поблиску да разгледаме на кој начин функционира во машката геј-култура оној заменски идентитет, женственоста – треба попродлабочено да сфатиме што е машката геј-женственост и за што служи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да бегаме од злодухот на машката геј-родова девијантност, наместо да се срамиме од неа, наместо да ја дочекуваме со тврдоглава и тапа тишина или со одрекување, наместо да ја протеруваме во новоизградениот плакар на хомосексуалноста, треба да продолжиме – во духот на беспредрасудно и беспанично испитување – да го испитуваме значењето на машката геј-женственост, без страв дека секое нејзино разгледување нужно ќе нѐ врати на хомофобичните клишеа за нашата психопатологија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најмногу од сѐ, не треба да бидеме толку сигурни, пред да почнеме, дека веќе знаеме што е тоа геј-женственост, како функционира и што значи.
16 РОДОТ И ЖАНРОТ
Две основни премиси ќе го насочуваат претстојното испитување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Прво, појавите што се разгледуваат треба да се анализираат во однос на општествените фактори, а не на биолошките.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хетеронормативноста, секако, може да се квалификува, да се заузда, ограничи и можеби да се поткопа или да се ослабне до степен што сега тешко може да се предвиди.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но моделот на човечкиот живот што го претставува и што таа го промовира како хоризонт на стремеж за секој исправен човечки субјект, нема да го снема со озаконувањето на геј-бракот и со можноста на нехетеросексуалците отворено да служат во армијата на САД.
Ете зошто квир-политиката е толку многу подалекосежна, толку многу попреобразувачка од политиката на геј-правата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)