Само за миг, додека Милдред се устремува преку собата до телефонот, сенката што ја фрла некоја надворешна светлина низ венецијанерите од двокрилната застаклена врата од нејзината канцеларија прелетува, и тоа двапати, во тенки паралелни црти врз кривините на облото и во костум хармонично обружено сензуално тело на Џоан Крафорд и врз нејзиното вџашено, величествено, свесно, згрозено, но решително мирно лице.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Идентификацијата“, „деидентификацијата“ и „вкрстената идентификација“ претставуваат обиди да се артикулира општото, нејасно убедување дека ангажираноста на машката геј-култура со ликот и персоната на Џоан Крафорд остварува нешто важно, нешто значајно, нешто особено вредно за тие што учествуваат во таа култура.
Она со што си имаме работа, најпосле, можеби е особен вид на ангажираност што некако ги мобилизира комплексните односи на сличност и различност – но без да воспоставува субјекти и објекти на вообичаените начини.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сето ова се случува во само една секунда од метражата на целиот филм.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поимот „идентификација“, изгледа, е уште еден пример за необработен, непрецизен чувател на местото на некој попрецизен опис или на некоја попрецизна анализа или категорија што засега ја немаме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целата сликовна секвенција, иако е мошне кратка, ја исполнува силно, речовито кинематографско значење што значително ја засилува моќта што персоната на Џоан Крафорд ја има врз публиката и придонесува кон утврдувањето на особениот вид женственост што таа го отелотворува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Посветеноста на совршенството и одбивањето да се задоволиш со нешто (или со некого) помалку од тоа го создаваат оној особен спој од еротичност и естетичност што ѝ е особен на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но кое значење?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто невозможниот, а совршен предмет побудува еден мошне особен вид желба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Идентификација“ е начин да се каже дека машката геј-култура е, некако, комплексно зафатена со ликот на Џоан Крафорд – дека тој лик воодушевил некои геј-мажи, дека неговите фигуративни можности ги погодиле и дека тие емотивно се поврзале со него или дека се понесени од односите на блискост или на совпаѓање или на коинцидентност што успеале да ги остварат со него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сепак, фантастиката на северно-американскиот континент оваа судбина ја делела еден кус период, таканаречен златен период на научната фантастика, особен вид на мошне инфантилна фантазија чиј родоначалник е Едгар Рајс Бароуз, авторот на прославениот лик Тарзан и на познатиот серијал за Црвената планета.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)