Но, окото е округлесто, па тешко може да има остар врв.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Колку подлабоко влегува со острите врвови од прашањата накострешени и боцкави, толку повеќе гледа болка, си го гризе сопствениот опаш, сакајќи или мислејќи да убие нешто или некого.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Од џамијата што го покажува својот остар врв зад ридот се провлекува молитвено виење. Време е, другари, време е!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Сметате ли дека нешто не е како што треба?“ Збунетоста на агентот беше пресметана, внимателно ги гледаше острите врвови на своите чевли и размислуваше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се држеше до старата елеганција, со зулуфи и грижливо замастени мустачиња со многу остри врвови...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Неговиот судија или спасител се наведнал. И самиот веќе смирен, речиси и глув и нем, минувал со палецот на левата рака преку челото на старецот, барал и стискал додека не почувствувал мека гасеница под челото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Внимателно движејќи го ножот со десната рака, не колач или дерач туку избавувач од тегоби, брзо и кратко минало со остриот врв преку жилата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Џебно ноже, со отворач за конзерви и сврдел за тапи, не најде зашто немаа; но затоа пак си ја зеде камата, чија ножница се вденуваше во ременот на панталоните, а освен што секогаш ти беше при рака имаше доволно остар врв за да дупне секоја конзерва и да отвори секој чеп.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој има вкус за доблест. Продолжува да оди по патот на кој стрчат острите врвови на младите тревки, не плашејќи се да се пробијат меѓу збиените камења.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
ФЕЗЛИЕВ: Ви благодарам. (Заборавајќи на Неда, ја вади камата и со остриот врв се обидува да ја истера тапата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)