На два километри од Желево – раскрсница. Десно – остра кривина и табла со натпис: Πρεσπες. Значи натаму е Преспа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со намалена брзина се држиме за третата лента на широкиот асфалтиран пат и се спуштаме прудолу по острите серпентини, држејќи пристојно растојание од шлеперите кои со брзина на желка едни го држат патот пред нас, а други, со уште помала брзина ја фаќаат угорнината, завивајќи на острите кривини.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Патот, што сѐ уште мириса на недамна послан асфалт, прекршуван со острите кривини, змиулесто води пругоре.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)