КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)