Сместен во прекрасен амбинет, овој туристички комплекс, дело на струшкиот архитект Зоран Рафтовски, располага со 29 двокреветни соби, 15 апартмани, отворен базен, ресторан во кој се сервираат јадења од локалната и европската кујна, конференциска сала со бифе и најсовремена електронска опрема за одржување состаноци, семинари, работилници на кои во есенскиот и зимскиот период тука дебатираат специјалисти од Албанија, Македонија, Бугарија, Италија, од специјализираните организации на ООН и други меѓународни здруженија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)