И да го нема пред нив отворениот гроб и да го нема покрај гробот, испружен на носила, него, мртовецот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го чатеа лично Максим и еден прилепски поп, прота, а неговите, Јосифовите ученици пред отворениот гроб испеаја една песна на која беше сам тој ги изучил да ја пеат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А таму, на Рамник на Горник, над отворениот гроб на мајка си, одржа една проповед во која првин ги нападна грчките владини и писмо, а потоа ги искара и татка си и сите потковичани што допуштиле да бидат измамени од еден туѓинец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ѓорѓи ги слушна само зборовите „вечнаја памјат” и кога застана сосема близу гробот, виде како луѓето се наведнуваат, трипати земаат шепа земјата и ја врлат во отворениот гроб.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога, по една недела, еден од гробарите, поминувајќи покрај еден отворен гроб, забележал легнат човек на дното од гробот, во отворен ковчег.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Гледал народот со чудење и страв во отворениот гроб, а таму лежел Сане Сандин со качкет на главата, со црвен минтан, со чевли од мукава на нозете.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Крштева и пее тажно над отворени гробови, не е без заслуги.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И не само лицето - и гласот му бил чуден, со подмолно длабок звук во нејасно развлечените зборови. Не го разбрале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дуријата му останала залепена за десната шепа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го снемало. Кога се вратил (можело да се види дека беневреците му се влажни на колениците) од отворениот гроб се кревале лилави чадишта и уште нешто - мирис на нагорена волна и на човечка тага.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Не е најпријатно да шеташ по отворен гроб, а притоа толку длабоко“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)