И ме фрлија во отворена гробница, но јас не смртта туку љубовта ја довикував и го преповторував стихот на Бертолд Брехт: Ти немаш слабости јас имав една: - ЉУБЕВ!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Останат сам, среде сиџилите, во тоа толку згустено време, се чувствуваше како пред отворена гробница на минливоста, каде што животот не беше завршен, а заборавот царуваше насекаде.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)