Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
И сфатив дека во ова време на грозомора, нејзината душа е како мелем на отворена рана... И тие нејзини очи!!!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега од неговата свест не се одлепуваат овие прашања; ги чуствува како отворена рана, како удар зад удар, а болката, маката и чемерот се пласти и напластува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ами тие лекари, таму по болниците, немаат очи? - прашува, ококорувајќи во него очи и додава: - Аре, навистина ти велам, скоро со отворени рани ми ги пратија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Иљач ми треба за отворенава рана, кажи ми, кажи немиров дозорен што ме глода, Дали може на кантар да го ставам и како без него да го смирам.“
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Поинаку“, рече агентот. „Малку сол во твојата отворена рана, малку пламен од запалка.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа е само дел од големата болка, но и лута како отворена рана.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Празнинката крај себе ја чувствуваше како отворена рана.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сал молк тежок и длабок како мрачна бездна, молк кобен како најтешка клетва... и болка како од отворена рана... Така посакаа други... – да нема луѓе... и човечки одѕив...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А нам ни ја пресекоја радоста и ни отворија рана, болна, сечена, тешка, отворена рана... рана на срцето и рана на душата, рана што не се гои, и при секое спомнување на рожбата боли, се отвора, се обновува и крвари, гори и пече.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не сум свесна за ништо друго освен за ужасната болка; немирното, но ужасно болното тресење на телото, тоа кобно тапкање на лудиот хирург по отворената рана на мојата душа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)