Ги довардуваше отворените страници со разиграната таткова пепел, небаре означувајќи го татковото присуство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На отворената страница, некаде во дното, со големи, крупни букви пишуваше: „Соломон, циркузантот од гимназијата.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Пред него, на отворената страница е огромна, црна мечка, со преврзана муцка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„Чуј го ова, кардаш„, рече и од отворената страница почна да чита на турски некаква песна, која веднаш и му ја преведуваше на ибн Тајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)