отворен (прид.) - уста (имн.)

Таа забрзано дише со отворена уста. Се прегрнуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Еднаш еден од работниците, познат во тајфата како шегаџија, пискливо се насмеа, кога Веле го искачуваше скелето целиот испотен, изморен, со отворена уста, свиткан и поклопен од широките штици, што му беа на грбот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Денко дишеше шумно, со отворена уста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Љубителите на уметноста со отворени усти се начудуваа на експлозивните платна на чудниот сликар, а ликовните критичари пуштија душа и си признаа дека од раце го испуштиле најоригиналниот сликар на своето, на неговото и на нивното време.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Низ глава ѝ мина помислата дека змиите поседуваат подмолна моќ да маѓепсуваат зајаци, пругасти верверици и други мали суштества, и дека можат да хипнотизираат дури и птици, и да ги натераат сами да им влетаат во отворените усти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Сите останаа вкочанети и со отворени усти, а еден ни висок, ни кус, се обесвести од чудо.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тие еднаш изедоа дури и шапка од козја кожа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тие се заценуваа и со ширум отворени усти се тркалаа по креветите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Кој ги украл? ги дигна веѓите и остана со отворена уста зачуден и во исчекување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Има луѓе на кои некои од нештата им се привидуваат со поинаков облик – еден човек гледа како облакот испружа рака кон него, една жена се плаши од дупките во тротоарите, затоа што во нив гледа отворени усти, една девојка гледа дека нејзината сосетка има глава на стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За некои луѓе и празното добива облик – оттаму им се појавуваат сеништа и чудовишта, луѓе и ѕверови, незамисливи пејзажи кои разнежнуваат или ужаснуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежеше со отворена уста, со затворени очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По неколкуминутна кондензација во еден од помалите облаци, почна да тече. 20 години се слеваа низ лицето на Џони а тој стоеше мокар со отворена уста кон небото.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Голтајќи го студот со отворена уста, тој се сети на нејзините допири, илјадници нежни трансфузии на вистинска човечка блискост што му ги даваше додека тој крвавеше, несвесен за тоа што му се случува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Изморен, со чувство дека е отфрлен, заборавен, избришан од дружината, болниот паѓал со тил на тврдото лежиште и останувал со отворена уста додека едно од многуте јазичиња на стравот му го лижело разголеното непце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некоја надеж дека ќе поживее и ќе се исправи од јагнешки кожи крај огниште да се одмаздува со нова крв во жилите го движела висок и со прерано изгорен тил од сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ повеќе се тетеравел со отворена уста и без здив (со секоја воздишка ножот самиот од себе подлабоко се забуцувал в месо) и со цели стапалки, тврдо, несмасно, удирал по земјата, врз која, божем таа се ниша под него, со повремени ширења на рацете се обидувал да сочува рамнотежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можев да се здржам да не залипам во тој свој прв ден на понижената машкост и ги слизгав прстите на десната рака по нерамниот ѕид барајќи нешто тешко и силно за одмазда но тој веќе одеше назадечки кон вратата и пушташе да му се издолжуваат забите во отворената уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не му приоѓал. Секој малку ја носел тежината на сомневањата, секој бил нападнат од грижи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лежејќи замавнав со нога. Отскокна и го бутна триножецот со празен чанак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш во центарот на виножитото се појави црна дамка која со отворена уста почна да ги голта сите бои, една по една.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од широко отворената уста демнат две бели пили, два реда клинесто остри заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој продолжува да дише со отворена уста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И ги полнат устите со месо, со ориз, со леб и губат здив, речиси се задушуваат, па мораат да џвакаат со отворени усти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На моите пријатели им препорачувам да седнат околу мене и да ме слушаат со отворени усти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со отворена уста слушај ме. Ти раскажувам. Зини.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сказната е од една пустина Со илјада песочни дини.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Морам малку да се пофалам, се колнам, другарот Аритон Јаковлески, а не и само тој, сите членови, дури и самите иследници, беа задоволни од моите одговори, ме слушаа со отворена уста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И откога завршив, тие некое време останаа така здрвени, со отворени усти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Отец Симеон наслутуваше: бледи, испиени глави со отворени усти.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За миг, и не сакајќи ги погледна: не дишеа и личеа на мртовци - голи, жолти, со отворени усти.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Жените немаа храброст да ја поминат талпата над отворената уста на влезот, ама мажите и дечињата се разлазаа горе без да водат сметка што прави Геле Колишев со внуците од братот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тука се бабините! открива нешто убаво во срцето забележувајќи како се стиснати околу неа, ама така, при свртувањето, додека низ нејзината глава се разбиструва сликата од мигновеновиденото: Добра со малечката таму во ќошот, со главата во скутот на мажот, а тој седнат со грбот на штиците и со отворена уста, Чана со мајка ѝ крај неа Види лебати, Чана си има ќерка! и никако да се сети кои се другите расфрлани низ бовчалаците и пљачките, и одеднаш она убаво во нејзиното срце станува болка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Рацете ми треперат. Отворената уста ми се пени. Ноздрите ми се шират забрзано. Очите ми се превртуваат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Последните ноќи во Колсил ги минав во Саат-кулата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во нивните отворени усти се напикани стебленца, лисја и цветови, размачкани со булкин сок како крв.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Добро, можеби и не станува збор само за глупости; ние сите само се трудиме да помогнеме, кој колку може, се разбира.“ Зар не е така дарагој Семјон?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Знам дека сум досаден“ вели и сепак тргнува кон столот покрај масата, „знам дека сум досаден, но кога е во прашање мајчица Русија, спремен сум да сторам и поголеми глупости“, се смее тој и тешко дише, онака со отворена уста, и одеднаш се спушта на столот покрај масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Уф, уф! - збивта учителот. - Тренинг, почест ми треба. - шушти низ отворена уста и полека ми пријдува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Лежеше крај Грдан со отворена уста од која му излегуваше пијалокот од кој беше препиен.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јас се засркнувам додека јадам, затоа што истовремено и дишам, па морам да џвакам со отворена уста и да им ги покажувам на очевидците стутканите парчиња храна што ми се препелкаат низ плунката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја удираше по грбот, по нозете, по човечињата, по рацете, па потоа ја удираше по главата и косата почна да ѝ се разлетува и да ѝ се лепи за јазикот во отворената уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас замислувам како никогаш не би го удрила Дејан по носот, и кога случајно тој сам би се удрил, како со денови би го бакнувала околу завојот и би му ги гледала потечените очи, би му кажувала колку се убави и би му ги влажнела усните за да не му се сушат, но се разбира ова не сум му го кажала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И пиел, и пиел. под чепот на големото буре со отворена уста спиел.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Јани фрла зрно над глава и го дочекува со отворената уста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Раседнатите околу огнот откопчуваат шинели, зеваат со широко отворени усти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потамина тргна по улицата нагоре, излезе над село, сврте по друга улица да се враќа и наскоро пак се најде на средсело пред продавницата што уште не беше отворена, но таму, раштркано, веќе беа наседнати пет-шест постари жени, два-тројца исто така постари мажи и едно девојче со отворен уста, убавко, но по изгледот тутулаво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А и не можеш да не ги видиш тие истркалани глави со пеплосани лица, со ококорени очи и со отворени усти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)