Меѓутоа, уште од детството и во текот на адолесценцијата, сликањето, како и проблемите на сликарството воопшто, беа негово примарно интересирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но, откаде еден Англиски господин во друштво на фантазери “изгорени” од италијанското сонце или со француската традиција на восхитување пред злото?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И кога пишува за гневот на јавноста по прикажувањето на хомо-класикот Себастиан, и кога ги опишува лудостите во лондонската дискотека “Sombrero” или њујоршкиот “Continental Baths”, лавовската борба за најмали можни средства (а сите негови филмови, заклучно со The Last of England, чинеа 750 000 фунти!), несогласувањата со таткото, кога го слика престојот во Русија, смртта на Енди Ворхол, настапот на Мајкл Кларк, авантурите на осамениот ноќен патник во земјата “Cockaigne”, значењето на Хакслиевата “Врата на перцепцијата” во поимањето и восприемањето на “отворените филмови”... над сите тие редови лебди ангел со гараво лице, суров и ранлив уметник што слика момчиња, овошје и други сочни плодови на животот во кој врвната радост секогаш била измешана со суровата слобода на крвопроливањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)