Уште тогаш неговата мала и кревка родна земја, излезена со неизвесна судбина од отоманскиот тунел, пет века трагајќи по излез од него, со сите рани, лузни на преобраќањата, верски и идеолошки, по сите преселби и битки, му се виде и како плен на сталинистичката идеологија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Балканот речиси, цел век и половина, а тоа сигурно и понатаму ќе биде, тешко излегува од отоманскиот тунел.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)