Види: Клисаровски, Петровски – цит. статија. 19 на привремено отсутен работник може да се склучи сè до враќањето на привремено отсутниот работник (чл. 4, ЗРО/авг. 08). в) Во врска со вршењето работа дома, воведено во 2003 (чл. 3, ЗИДЗРО/апр.03) – со носењето на ЗРО (2005) дојде до две помали промени: рокот, во кој работодавецот е должен да му достави примерок од договорот за работа на надлежниот инспектор на трудот, е намален од осум на три дена од денот на склучувањето на договорот; а, покрај ова, е прецизирано дека работодавачот е должен, и во овој случај, да обезбеди безбедни услови за заштита при работа дома (чл. 50, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
1. Интервјуто го водеше Димитар Апасиев, на 6.II.2011, во Велес. Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Велес е: РО.бр. 202/09.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Триманова, која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови и која сега работи во друга приватна добростоечка фирма во малопродажба – вели дека, во иднина, пак би тужела доколку и биде повредено некое законски гарантирано право од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конкретно, со измената и дополнувањето од 2008 година парични- те казни за агенциите за привремени вработувања се зголемуваат од 100.000 до 200.000 (околу 1.600 до 3.600 евра) на 2.000 до 4.000 евра ако ги прекршат одредбите од член 18, односно: ако го прекршат склучениот договор за отстапување на работникот помеѓу агенцијата и друг работодавач и договорот за вработување склучен меѓу агенцијата и работникот кој се отстапува на друг работодавач за замена на привремено отсутен работник; доколку не се формирани според критериумите пропишани во законот; доколку почнат со работа без дозвола или вршат работа за привремено вработување надвор од земјата; доколку склучуваат договори за вработување над бројот на договорите за кои е издадена лиценцата; доколку платата на отстапениот работникот е помала кај работодавачот корисник на истите работи; доколку бараат надоместок за услугите од лицата кои ги вработува итн.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ЗРО (1993) пропишуваше дека работен однос на определено време може да се склучи, „особено за: (1) сезонски работи – најдолго девет месеци во текот на една календарска година; (2) зголемен обем на работа – најдолго шест месеци во текот на една година; (3) замена на отсутен работник – додека трае отсуството од работа и (4) работа на определен проект – до завршувањето на проектот“ (чл. 23 од ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А договор за вработување на определено време за замена на привремено отсутен работник може да се склучи до враќање на привремено отсутниот работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)