паднат (прид.) - борец (имн.)

Лајбах прогласија своја држава со државјанство, пасош, визи...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Може­би, треба да формираме партија на „нервозни драмски уметници”, па да ги заземе канцелариите на министерството за култура (кај споменикот на паднатиот борец), ама не верувам дека нешто ќе добиеме со тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се рашетаа по боиштето, ги изжалаа паднатите војници; ги исклоцаа и испцуја паднатите борци и се прибраа и тие во тврдината да ја чекаат зората, та на видело да решаваат што да прават со жените, децата и старците што се засолнија во зградите на тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Сите знаат дека у развиените земји на секое пакло цигари има слика од рак на грло, умрено бебе, тумор на плуќа, исушен мозок... Aма, слика на „снеможен паднат борец“?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)