Според гледиштето на Хабермас (слично на песимистичките гледишта на Адорно и Хоркхајмер во нивната „Дијалектика на Просветителството“), при преминот од пазарен капитализам и либерална демократија во државен/монополистички капитализам и либерализам на социјалната држава, државата и јавната бирократија сѐ повеќе продираат и во економската и во јавната сфера, а државата и корпорациите ги преземаат виталните функции на јавната сфера, дегенерирајќи во процес на доминација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)