И да речеш и да не речеш: папочната врвка вистински постоеше сето ова време и севезден беше оптегната како бројаница во семејниот музеј на взаемни нежности и љубови.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Од сево ова нужно се извлекува заклучок којшто на прв поглед може да изгледа парадоксално, но е клучен: во денешно време поимот за утопија доживеа потполн пресврт - утописката енергија веќе не е насочена кон општеството без држава, туку кон државата без нација, држава којашто не би била заснована на етнички заедници и територија, па така едновремено значи и кон држава без 156 okno.mk територија, кон едно сосема артифициелно устројство на начела и авторитети коешто ќе ја пресече папочната врвка на етничкото потекло, локалната припадност и вкоренетост.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)