Па тато е посилен! * Запис пронајден во папочна врвца Добро знаев дека тој е посилен, но не знаев да одговорам зошто ја повикав мајка ми наместо него.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Со заби ја прегриза папочната врвца, со влажна крпа ја изми, се испра сама и дури потоа повика некој да дојди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)