Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, и не треба да нè чуди зошто е тоа така, бидејќи претставниците на синдикатите во Македонија, во зависност од нивната партиска блискост со власта или со опозицијата, повеќе се грижат за политичката коректност, отколку за правната издржаност на своите искази. 43 ѓ) на крај, со носењето на новиот ЗРО (2005), педантно и хируршки прецизно, беа отстранети и последните превентивни одредби од сферата на фамозните „колективни откази“ поради деловни причини:
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, поради тесната партиска блискост и заткулисни пазарења на т.н. синдикални лидери со партиите од власта или од опозицијата, тие повеќе се грижат за политичката коректност на своите потези и изјави, отколку што водат грижа за вистин- ските проблеми кои секојдневно го тиштат работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Понатаму, на многумина од нив не им беше сфатливо како тоа со колективниот договор може да се утврдуваат поголеми права од законските, а со индивидуалниот договор за вработување не може да се утврдуваат помали права од законски загарантираните; или, дека работниците можат да иницираат [стечајна] постапка за престанок на правното лице во кое работат - доколку работодавачот, три месеци едноподруго, не им исплатува плати и придонеси...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)