И одново специјален курир донесе партиска директива, која беше наредба: - Во партизанските одреди да не се примаат повеќе доброволци; да ги враќате дома, а на заробените владини војници и офицери да им ги земате униформите и по гаќи и боси да ги терате да се враќаат....
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ќе знаеше што е партиска директива.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но, знаеш, во тоа време се се работеше по партиска директива: - Ти Јано, ќе бидеш бабица, тоа во ова време е приоритетно за државата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А и наредбите од републичката власт, засновани на партиските директиви, беа генерално јасни: козарите, мора да се прифатат во градот, по никоја цена не смеат да се вратат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ако така продолжи, јас не знам каде ќе стигнеме со изградбата на хидроцентралите, со партиската директива.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)