пасивен (прид.) - елемент (имн.)

РАМ-чиповите се буквално бафери (баферни базени), вода, пасивен елемент способен само за прием на импресии и нивно емитување, рефлектирање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иконичките визуелни програмски јазици се Тарот, сликовен збир на сите можности активирани за гатање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зашто луѓето немаат слобода во изборот дали ќе ги гледаат билбордите или не.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)