И еве сега „Фајар” во Париз ја објавува и третата книга на Луан Старова романот Атеистички музеј, (Le musée de l` athéisme), во кој авторот ни претставува еден трагичен запис за неколкуте пеколни денови од патувањето во пролетта 1979 година во Албанија на Енвер Хоџа, кога сакал да ја види својата родна земја, тогаш сѐ уште во јаремот на сталинистичката ортодоксија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
По загубениот рај од времето на козите, во градот настапија пеколни денови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Амбасадорот Крисман, кој ги доживеа пеколните денови во Албанија, достоинствено вршејќи ја својата мисија, ризикувајќи го својот живот, откако ја предочи кусата анализа, во ниту еден момент не зборуваше ни за своите тешкотии, ни за своите проблеми, за разлика од други амбасадори, кои беа во рајски услови во споредба со албанските, се жалеа за тешките услови на работа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)