Пречкртан е пешачкиот премин, внимавај на случајните минувачи.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
А вистината беше вака: Пред некоја година, еден есенски ден ја преминував улицата сосем нормално, на пешачки премин, првин поглед на лево, па на десно - по сите правила и прописи.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во втора година гимназија „Р. Ј. Корчагин“, како мало буце, дотерана во јакна од „Сторм“, со кошулче карирано и фармерчиња, во патики што сама си ги купи од платата заработена кај мене во дуќан продавајќи за време на летниот одмор, на пладне, заедно со неколку другарчиња поминуваше на пешачкиот премин кај „Олимписки“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На пешачки премин, по сите правила, петпари не давајќи за новите непрокопсанковци кои им ги пеат старите песни за пуштањето рогови.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
На таквите запаленковци, доволно ќе им биде да се сретнат на пешачки премин додека е во функција зелениот сигнал на семафорот и да си подадат рака во знак на разбирање.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На пешачки премин, додека чекаат да им се запали зелено на семафорот, а ти со испружена, растреперена рака чукаш на нивниот прозорец да ти спуштат на дланка некоја железна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)