Тоа не значи дека не постојат поединци па дури и специјализирини установи платени токму за тоа: да го стимулираат видот на ведрината и нејзиното траење во чест на празникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И додека зборував за слободата, и за празнувањата низ кои се движиме, а колегата Господ, со напрегнато внимание го слушаше мојот утрински разговор со чистачот на чевли (неколкупати дури и ме потпрашуваше за умувањата на Кадрија), онаа чудна индивидуа, која ја бев забележал потпрена на дрвото од кое се разлеваше празничната музика, сега ја забележав како стои на џамлакот на кафеаната на Иле Битолчанецот оџагарена во нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)