Мајка ми и при најтешките судири со животот, при губењето на своите синови, не исрушташе солза, не покажувајќи ја својата душа, сместувајќи ја во повисоки сфери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најчесто низ тишина, во тишината на единствениот јазик во светот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И еве по многу години, кога ја снема нашата куќа крај реката, кога таму се пресели едно друго време, на бетон и врева, често во тивките ноќи на истиот простор, кајшто останал само дел од тврдината Кале на другиот брег од реката, само во небото го откривам непроменет некогашниот поредок на ѕвездите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)