Ваквата комбинација не беше најпријатна, но беше потребна што поголема врева.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)