Како задолжена за неговата врева во животот, Мајка влегуваше во библиотеката без некој поголем повод, водена од грижата во нејзината потсвест, за да си го врати мажа си, од тишината, во реалниот живот, во секојдневието на семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нашиот ѕвонар, другарот Анески, еден од некогашните членови на оваа куќа, во свои часови мошне живо си спомнуваше за сето тоа и што беше најчудно секогаш сам почнуваше да раскажува, без некој поголем повод ќе рече: - Луди како луди, ненормални, - велеше, - дај им малку боја и забораваа на сѐ, со денови забораваа и за јадење и за спиење.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)